Владина поддршка од 90 милиони денари за рибарството и аквакултурата

Bez autora
Jan 07 2013

Рибарството и аквакултурата годинава ќе добијат финансиска поддршка од 90 милиони денари, што претставува највисока финансиска годишна поддршка во оваа област. Со ова упатуваме јасна порака за нашата доследност во делот на земјоделството, но истовремено и порака за сите инволвирани страни во рибарството и аквакултурата дека оваа област ќе продолжиме да ја поддржуваме со уште посилно темпо. Во 2006 година не биле издвојувани средства за поддршка на рибарството и аквакултурата, во 2009 година државата вложила 43 милиони денари, во 2010 и 2011 година финансиските средства за развој на рибарството и аквакултурата изнесуваа околу 64 милиони денари, а во 2012 година 75 милиони денари.

Владина поддршка од 90 милиони денари за рибарството и аквакултуратаРибарството и аквакултурата годинава ќе добијат финансиска поддршка од 90 милиони денари, што претставува највисока финансиска годишна поддршка во оваа област.

- Со ова упатуваме јасна порака за нашата доследност во делот на земјоделството, но истовремено и порака за сите инволвирани страни во рибарството и аквакултурата дека оваа област ќе продолжиме да ја поддржуваме со уште посилно темпо - рече заменик-министерот за земјоделство, Зоран Коњановски на средбата во Демир Хисар со претставници на групацијата на рибопроизводители при Стопанската комора на Македонија и здружението на рибопроизводители Аквафортис".

Во 2006 година не биле издвојувани средства за поддршка на рибарството и аквакултурата, во 2009 година државата вложила 43 милиони денари, во 2010 и 2011 година финансиските средства за развој на рибарството и аквакултурата изнесуваа околу 64 милиони денари, а во 2012 година 75 милиони денари.

- Ако во 2006 година биле евидентирани околу 400 тони произведена риба, сега се евидентирани повеќе од 1.600 тони произведена риба - рече Коњановски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik